Технологија
Владееме со технолошките процеси во производството на алуминиумски одливци - од топење, високопритисно леење, пескарење, до механичка и површинска обработка, перење, мерење на пропустливост, заварување со триење и мешање и други специфични барања на поединечните производители на автомобили. Вкупно имаме повеќе од 100 ќелии за леење (до 3.500 тони сила на затворање) и повеќе од 200 CNC обработни центри на локациите.
Алати
Клучен фактор во процесот на високопритисното леење на алуминиум се сигурни и висококвалитетни алати за леење. Сопствената изработка на алати за леење, поддржана од алатниците во Трата и Охрид, ни даваат конкурентска предност која е неопходни за обезбедување на техничките и квалитативните барања на клиентите.
Автомобилски компоненти (производи)
За нашите долгогодишни клиенти во автомобилската индустрија изработуваме висококвалитетни компоненти, кои одговараат на највисоките стандарди за квалитет и безбедност во автомобилската индустрија. Ги подобруваме производните процеси и ги следиме најновите технолошки трендови, за да ги обезбедиме најдобрите производи на пазарот.
Компоненти за возила на електричен погон EV
Компоненти за возила на моторен погон
Компоненти за управување со енергијата ЕВ
Компоненти за управување
Компоненти за системот за сопирање за камиони
Останато
Истражување и развој
Целиот производен процес е поддржан од нашето одделение за истражување и развој, кое обезбедува избор на соодветни технологии и бара оптимални, ценовно ефикасни решенија. При оптимизацијата на процесите и производите сме одржливи и се стремиме кон јаглеродно неутрално производство, што значи највисоки енергетски перформанси, можности за рециклирање и користење еколошки материјали.
Обезбедуваме развој на процеси и комплетни дизајнерски решенија.
- Симултано инженерство и развој на производи
- Изработка на прототипи
- Тестирање и валидација на процесот
- Симулации и дигитални двојници на процесот