Визија, Мисија и Вредности
Специјализирани сме за леење на одливци од алуминиум под висок притисок. Следејќи го концептот за обезбедување на комплетни решенија на нашите партнери, им нудиме економско ефикасни и високотехнолошки решенија, преку развој и оптимизација на одлеаноците и процесите, заедно со комплетно интегрираната алатница.
Деловни единици
Групацијата LTH Castings се состои од 6 производни локации во 3 земји: 3 во Словенија, 2 во Хрватска и една во Северна Македонија. Заедно составуваат интегрирана единица која технолошки и трошковно ефикасно може да се прилагоди на потребите на клиентите.
Управување
Почитувањето на секој вработен, транспарентното работење, општествената одговорност и заштитата на животната средина, одговорно и ефикасно управување на компанијата и соодветно ниво на комуникација се основните принципи и столбови на нашата организациска култура.
Историјата како одлеана. 75 години традиција, знаење и иновации.
Информации за клиенти
Се позиционираме меѓу водечките европски корпорации кои глобално дејствуваат во областа на автомобилските технологии. Задолжени сме за развој на иновации кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот во областа на зелената мобилност. Градиме долгорочни односи со деловните партнери врз основа на основните вредности на одговорност, почит, знаење, иновации и квалитет. Со нашето дејствување придонесуваме за трајниот развој на природната и општествената средина.
Траен развој
Трајниот развој е важен дел од нашата бизнис стратегија. Кога станува збор за одржување на околината, си поставивме цел да станеме компанија со неутрален јагленов отпечаток. Како одржливо одговорен снабдувач на најголемите светски производители во автомобилската индустрија, ние ги поддржуваме на патот на трансформација кон е-мобилност.
Историја
Историјата како одлеана. 75 години традиција, знаење и иновации.