Оператори на машини за пескарење и вибрирање

  • Држава:
    Северна Македонија
  • Место
    Охрид
  • Оддел
    Производство
  • Вид на вработување
    Редовно вработување
  • Краен рок на аплицирање
    31. 7. 2026
Компанијата LTH има 75-годишна традиција и искуство во развој, леење, обработка и монтажа на висококомплексни компоненти од алуминиум, како и во изработка на алати за нивно производство. Купувачи на нашите производи се компании од автомобилската индустрија кои нѐ избрале за свој префериран развоен партнер и добавувач.
Во моментов компанијата вработува 3.700 вработени на 6 локации во 3 држави.
Успешната реализација на нашата деловна стратегија не би била можна без нашите вработени. Нивниот број расте од година во година, а ние сме свесни дека високо мотивираните вработени претставуваат клучен фактор за понатамошното успешно работење на компанијата LTH Castings d.o.o. Доколку сакате да станете дел од нашиот динамичен производствен тим, сте подготвени за работа исполнета со предизвици и сакате да придонесувате во создавањето квалитетни производи, ве покануваме да ни се придружите во нашата успешна компанија.

Ви нудиме:

Редовна и стимулативна плата, како и други поволности;
Обезбедена обука и воведување во работата – без потреба од претходно искуство
Работа во стабилна фирма, со можности за долгорочна соработка
Можност за напредување во рамки на производниот тим или во други сектори
Динамично работно опкружување со поддршка од поискусни колеги
Почитување на законска регулатива
Исплата на додатоци за прекувремена работа, работа во смени или работа во специфични услови
Обезбедена заштитна опрема и средства за работа
Платен годишен одмор и други бенефиции според колективен договор и закон
Обезбеден оброк на локација
Исплата на трошоци за превоз од и до работа доколку кандидатот живее над 3 км оддалеченост од работното место
Вработување на определено време, со можност за продолжување на неопределено време;
Паркинг простор во непосредна близина на фабриката;
Учество на различни спортски настани.

Бидејќи вашето здравје ни е важно, ќе ви овозможиме и учество во неделни рекреативни активности (игри со топка, вежбална и слично)

Аплицирајте!

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Задачи и одговорности:

1. Подготовка на делови за обработка:прием и селектирање на алуминиумски делови;проверка дали деловите се во соодветна состојба пред обработка (без оштетувања, нечистотии или масла), организирање според производниот план
2. Работа со вибраторска машина:
Полнење на вибраторската када со алуминиумски делови и соодветен абразивен медиум
Подесување на параметри на машината
Следење на процесот на вибрирање – обезбедување еднаква и континуирана обработка
Отстранување и чистење на обработените делови, разделување од абразивниот медиум
Контрола на површинската завршница
Одржување на машината и чистење по завршен циклус
3. Работа со пескара (машина за пескарење):
Полнење на пескарската комора со делови и проверка на абразивниот материјал
Прилагодување на притисок и агол на млазницата според материјалот и бараната површина
Ракување со пескарската млазница – рачно или автоматизирано, во зависност од типот на машината
Следење на квалитетот на обработката – одстранување на нечистотии
Вадење и чистење на деловите по завршување на процесот
Контрола на абразивот – навремена замена или дополнување
Одржување на пескарската опрема и почитување на мерки за безбедност при работа под притисок
4. Завршни активности и документација:
Визуелна и димензионална проверка на завршените делови
Пакување или предавање на следната производна фаза
Водење евиденција за број на обработени делови, времетраење на циклуси и состојба на машините
Пријавување на проблеми, дефекти или потреба од одржување на надреден/менаџер

Ние очекуваме:

Основно познавање на машинска обработка на метал или други материјали
Способност за ракување со индустриски машини (пескара, вибратори)
Разбирање на основни технички инструкции и процесни листи
Способност за визуелна контрола и препознавање на дефекти
Способност за мерење и користење на едноставни мерни алати (шублер, метар, мерач на површина)
Почитување на безбедносни мерки и прописи при работа
Прецизност и внимание на детали
Способност за работа во сменски режим и под притисок
Одговорност за навремено и квалитетно извршување на задачите
Способност за тимска работа и добра комуникација со колеги и претпоставени
Флексибилност и адаптибилност на различни производствени задачи
Позитивен однос кон работата и уредност на работното место
Спуштете датотеки овде или кликнете тука за да изберете датотеки.